X
 09.03.2021 Живот

Минесота дава пари за секој што ќе го претвори својот тревник во живеалиште за пчелите

Пратениците од Минесота издвоиле 900.000 долари за да им помогнат на сопствениците на куќите своите тревници да ги претворат во живеалишта пријателски настроени кон пчелите.

Парите се издвоени во рок од една година за да им се покрие голем дел од трошоците на сопствениците на куќи, за претворање на традиционалните тревници во живеалишта погодни за пчелите, преку засадување диви цвеќиња, детелина и локална трева во обид да се забави колапсот на популацијата на пчелите во државата.

Планот може да помогне во надополнувањето на изворите на храна за опрашувачите од секаков вид.

Програмата опфаќа до 75 отсто од трошоците на секој проект за конвертирање и до 90 отсто во областите со висок потенцијал за поддршка на пчелите.

Сопствениците на домови можат да аплицираат за средства за проектот за живеалишта на опрашувачи, а финансирањето ќе биде приоритетно за областите каде што живеат пчелите.

pcela
Фото: Freepik

Минесота е дом на повеќе од 450 автохтони видови пчели. Минесота е еден вид жариште на различни видови пчели и дом на 22 од вкупно 49 видови пчели во Северна Америка, вклучително и неколку видови кои исчезнаа од другите делови и имаат потреба за конзервација.

Како што велат спроведувачите на проектот, важно е да има цвеќиња што цветаат во различни периоди од годината за да обезбедат снабдување со храна од рана пролет до доцна есен за пчелите и другите загрозени опрашувачи, како пеперутки, молци, бубачки, колибри и муви. Сите тие играат клучна улога во опрашување на многу култури и автохтони растенија, но популацијата значително се намали низ светот во последните неколку години. Нејзиното намалување може да се припише на губење на живеалиштата и недостиг на соодветна исхрана за опрашувачите, како и на употреба на пестициди.

Извор: Bright Vibes
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот