Американското дуо „Чејнсмоукерс“ ќе влезе во историјата како прво што ќе настапи на работ на вселената во 2024 година.
Дру Тагарт и Алекс Пол ќе свират во капсула под притисок прицврстена со стратосферски балон, а концертот ќе биде буквално надвор од овој свет. Организатор е приватната компанија за истражување на вселената „Ворлд вју“. Покрај музичарите, во капсулата ќе има и научници и инженери.
- Знаеме дека погледите на Земјата и вселената ќе бидат неверојатни и се надеваме дека овој лет ќе го искористиме за инспирација за идни проекти - изјавиле музичарите.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Twitter