X
 24.08.2017 Наука

Периодот од денот кога сме најкреативни

Тешко е да се биде креативен кога ви се спие и немате доволно кофеин во себе. Некогаш дури немаме сила ни да составиме една реченица, а креативните идеи воопшто не ни доаѓаат.

Студија од 2011 година ја има тајната за тоа кој период од денот сме најинвентивни. Студијата се фокусира на тоа како одреден период од денот влијае врз способноста да се решаваат проблемите на креативен начин.

„Инхибиторните процеси“ го контролираат текот на информациите од мислата и перцепцијата и помагаат во превенцијата од настанување на моментот кога мозокот е расеан. Во студијата се открило дека тие процеси зависат од одреден период во денот. Учествувале 428 студенти кои објаснувале дали се чувствуваат како утринска или како ноќна личност. 28 од нив одговориле дека подобро функционираат наутро, а 195 навечер. Потоа на учесниците им било случајно доделено одредено време од денот за да решат низа проблеми. Проблемите барале одредено аналитичко мислење.

Резултатите покажале дека сите биле подобри во текот на нивното „неоптимално“ време од денот.

Утринските лица биле подобри во решавање на проблемите навечер, а „ноќните птици“ во текот на утрото.

Мозокот е подобар во филтрирање на одвлекувањата за време на „оптималното“ време од денот, што значи дека тогаш сте повеќе внимателни и фокусирани на проблемот. Тој фокус значи дека сте помалку наклонети кон тоа да барате креативно решение.

Заклучокот е дека утринските лица треба да почекаат до вечерта за да решаваат одредени задачи кои бараат креативност, а ноќните лица би требало да започнат со работа наутро.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука