X
 06.03.2016 Живот

Како да бидете креативни според Ајнштајн, Пикасо и Стивен Кинг?

Креативноста не е квалитет кој го имаат само мал број луѓе во светот. Тоа е вештина која се учи и добива. Откако ќе ја научите, може да ја користите за да ги решавате проблемите на иновативни и интересни начини. Креативноста е алатка за успех без разлика дали работите на музичка композиција, уметничка слика или бизнис план. Кои се советите на тројца од најкреативните генијалци во историјата?


Пабло Пикасо: Работете наназад

За многу претприемачи и уметници кои се на почетокот, ништо не е пострашно од недостатокот на идеи за понатаму. Пикасо знаел дека новите идеи доаѓаат тешко, па развил стратегија за работа за време на креативен блок. За Пикасо, клучот е во започнувањето пред воопшто да знае што ќе прави. Потоа, инспирацијата доаѓа од она што се случува кога ќе си дозволите да работите без ограничувања или страв за грешка. За да најдете добра идеја, тргнете наназад: Прво започнете со работа.

Стивен Кинг: Поставувајте дневни цели

Стивен Кинг е еден од најуспешните автори на нашата генерација. Тој напишал 55 романи, од кои 49 биле бестселери. Тој е еден од најбогатите писатели во светот. Како успева да ја задржи креативноста? - Ако сакате да бидете писател, мора да правите две работи повеќе од сè останато: да читате многу и да пишувате многу. Нема начин покрај овие две работи за кои сум слушнал, нема краток пат. - вели Кинг. Самиот Кинг пишува околу 10 страници дневно, односно 2.000 зборови, седум дена во неделата, секоја недела. Дури и за време на празниците. Замислете каков би ви бил животот доколку една таква навика ви стане сериозна работа.

Алберт Ајнштајн: Правете комбинации

Ајнштајн е најпознатиот физичар во историјата, но тој бил и виолинист и пијанист. Тој честопати користел идеи од музичкото искуство во неговата работа за да решава проблеми. Ајнштајн комбинирал повеќе различни идеи и концепти и ги менувал откако ги поедноставувал на едноставни компоненти. Тој комбинирал навидум неповрзани елементи и барал нови шеми. Оваа игра му носела нови идеи во работата.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот