X
 24.08.2018 Култура

Пасошко правило зароби цела нација

Проблематичната нација, некогаш најбогата земја во Јужна Америка, е осакатена од убиствени банди, корупција, ужасна храна и недостиг на медицинска помош, како и нефункционална нова валута што никој не може да ја разбере.

Од 2014 година повеќе од два милиона жители ја напуштиле својата татковина Венецуела, богата со нафта, кога цените на нафтата се намалиле.

Додека луѓето продолжуваат да заминуваат од Венецуела, новите закони за пасошите што ги наметнуваат соседните земји ја затвораат можноста за овие очајни луѓе да ја избегнат економската мизерија.

1
Фото: AFP


Ова е уште еден неуспех за Венецуела, која штотуку беше погодена од најмоќниот земјотрес во повеќе од еден век.

Само оваа година повеќе од 423.000 Венецуелци побегнале во Еквадор. Многумина се надеваат дека преку Еквадор ќе стигнат во Перу. Но ненадејната промена на правилата за влез ги остави на границата меѓу Колумбија и Еквадор.

Еквадор неодамна објави дека ќе дозволи влез само на лица со важечки пасош. И Перу излезе со слична најава во текот на викендот.

Претходно Венецуелците можеа да влезат во Колумбија и во Еквадор само со лични карти. Околу половина од оние што неодамна патувале немале пасоши.

Но, добивањето пасош во Венецуела е речиси невозможно. Земјата се бори со недостиг на хартија и масло, така што тешко е да се испечатат пасоши, а камоли да се издаваат. А тука се и огромните трошоци за документот. Пасошите чинат до 2.700 долари во даноци и мито - нешто што многу луѓе не можат да си го дозволат во Венецуела, каде што просечната месечна плата во моментов изнесува околу 1,40 долар дневно.

Практично заробени, немајќи опции, очајните Венецуелци се спротивставуваат на правилата за пасош и на секој начин се обидуваат да влезат во Еквадор. Многумина ризикуваат притвор со едноставно пешачење до границата меѓу Колумбија и Еквадор.

Други се заглавени на границата, токму поради промената на правилата за пасошите.

Хорхе Брисено патувал 1.400 километри низ Колумбија кон Еквадор откако ја напуштил својата работа. Го продал моторот и ја напуштил Венецуела минатата недела. Тој се надевал дека ќе стигне до Перу, каде што неговите пријатели требало да му најдат работа за да може да си дозволи да ги земе и својата сопруга и децата.

2
Фото: AFP

- Да се вратам во Венецуела, значи да умрам. Ако мораме да умреме барајќи подобар живот за нашите семејства, тогаш нека умреме. Подобро тоа отколку умирањето во Венецуела. Нема да се вратиме - вели тој.

Наставничката Мајерли Исагире и нејзиното момче планирале легално да ја преминат еквадорската граница со нивната венецуелска лична карта пред да бидат запрени.

Немаме пари, мора да продолжиме понатаму и да си ги вратиме животите. Ништо не ни кажуваат - само чекаме како идиоти - вели таа.

Многу јужноамерикански земји се понудија да ги земат Венецуелците што бегаат од економските тешкотии или политички прогон.

3
Фото: AFP


Високиот комесаријат за бегалци на ОН рече дека новите правила за пасош може да го принудат венецуелскиот народ да се одлучи за опасни рути до другите земји, а постои и опасност трговците со луѓе да ја искористат ситуацијата.

Овие проблеми со кои се соочуваат Венецуелците доаѓаат со промените на валутата на Венецуела, боливар. Новите банкноти со пет нули помалку беа издадени од банкоматите оваа недела, оставајќи ги жителите да се обидат да ја откријат нивната нова вредност.

4
Фото: AFP


Новата валута е дел од планот на претседателот Николас Мадуро за спречување на хиперинфлацијата и падот на економијата. Мадуро вети и нови економски мерки од 1 септември, кои вклучуваат зголемување на минималната плата за повеќе од 3.000 отсто и нови контроли на цените.

Дополнително на тоа, во вторникот Венецуела ја погоди земјотрес од 7,3 степени, најголемиот земјотрес што ја погодил од 1900 година, со што беа прекинати провладините митинзи за поддршка на новите економски мерки.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура