X
 14.12.2022 Живот

Французите се најнаспана нација. Колку спијат другите нации во светот?

Различните клими и култури значат различни и уникатни навики за спиење низ светот. Без разлика дали сте славна личност или студент, секој има потреба од сон. Некои луѓе спијат само неколку часа во текот на денот, а некои и по 10 часа во период од 24 часа.

Навиките за спиење низ светот варираат. Некои од домородните групи на австралискиот континент го задржале моделот на групно спиење, каде што креветите се распоредени во редови наречени јунтас. Оваа шема на спиење настанала како резултат на потребата да се стават децата и постарите луѓе на средина.

Секоја нација има различни навики кога станува збор за сонот и спиењето


Жителите на латиноамериканските земји имаат навика да спијат околу два часа во текот на попладнето, а тој одмор го нарекуваат сиеста. Шпанците веруваат дека попладневната дремка им дава енергија.

Во Јапонија многумина што работат во канцеларија често практикуваат „инемури“, практика која дозволува спиење на работното место. Станува збор за општо прифатена навика бидејќи со тоа се покажува дека работникот работел напорно.

Жителите на Египет имаат уникатни навики во споредба со остатокот од светот. Наместо осумчасовен сон, повеќето Египќани практикуваат полифазен сон, односно спијат во две или повеќе фази во период од 24 часа. Луѓето спијат 6 часа навечер и 2 часа попладне.

spienje
Фото: Freepik

Кинеската практика на фенг шуи истакнува дека огледалата во спалната соба се штетни, може да ја одбиваат енергијата низ собата и да го нарушат мирниот сон.

Во Скандинавија, иако за многумина е несфатливо, многу родители ги оставаат бебињата да спијат надвор на отворено дури и кога станува збор за студени зими. Скандинавците веруваат дека свежиот воздух го зајакнува здравјето и го подобрува квалитетот на сонот.

Во северниот дел на Норвешка полноќното сонце често ги држи луѓето будни во текот на ноќта.

Различни групи собирачи на храна во Боцвана спијат кога сакаат и немаат одреден распоред. Интересни обрасци на спиење можат да се најдат низ светот.

Французите спијат околу 9 часа, вклучувајќи ја и попладневната пауза.

Спиењето игра многу важна улога во подобрувањето на менталното и емоционалното здравје. Кога се соочувате со нарушен распоред на спиење, тоа може да влијае врз квалитетот на вашата кожа, вашиот хормонален статус и врз вашето ментално здравје. Ненаспаниот човек станува нервозен. Квалитетниот сон е од витално значење за регенерација на клетките, консолидација на меморијата и секојдневна обработка на информациите.

Извор: 6yka.com | Openaccessgovernment.org
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот