Сѐ уште сте во потрага по совршена кариера? Нема проблем, книжарница на Малдиви бара некој што сака да работи таму. Станува збор за работа во одморалиштето
„Сонева Фуши“.
Малдивите се наоѓаат во Индискиот Океан, а најпознати се по коралните гребени, неверојатните песочни плажи и туризмот.
Така, во ова одморалиште одлучија да одат чекор понапред и на гостите да им понудат книги кои ќе може да ги читаат на некоја од прекрасните плажи.
Човекот што стои зад огласот, Филип Блаквел, истакна дека платата е солидна, а бенефициите што доаѓаат со работното место се неверојатни.
Идниот вработен ќе живее во близина на ексклузивниот ресорт и ќе ужива во сите погодности како и туристите, а ќе добива и
плата.