Во учебната 2022/2023 година стапија во сила 3.362 индивидуални забрани за книги.
Ова е зголемување во споредба со минатата година, а Флорида е предводник во забраната на книгите. Забранетите наслови вклучуваат детска книга за Ен Хачинсон, една од првите жени на Род Ајленд и жена-проповедник ставена на судење од пуританците, потоа книгата „Сакана“ од Тони Морисон и „Семејната книга“ од Тод Пар.
Додека некои забрани може да изгледаат бесмислени, други покажуваат едвај прикриена желба да се таргетираат книги кои се однесуваат на расизмот и расистичката историја или се поврзани со ЛГБТ-заедницата. Сега, поп-ѕвездата Пинк се бори против таквата цензура и се залага за овие книги. Во соработка со „ПЕН-Америка“, таа најави дека ќе донира 2.000 забранети книги на нејзините концерти во Флорида.
- Книгите ми претставуваат посебна радост уште од времето кога бев дете, па затоа не сум подготвена само да стојам и да гледам додека се забрануваат во училиштата. Направивме толку многу чекори кон еднаквост во оваа земја и никој не треба да оди еден чекор назад - изјави Пинк.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото:
Instagram