X
 24.08.2024 Наука

Што прават птиците кога ќе се изморат во лет?

Дали птиците се одмараат додека летаат е интересно прашање бидејќи открива многу за нивната физиологија и приспособливост. Оваа област на истражување дава увид во неверојатните стратегии за преживување што ги користат птиците.

- Птиците можат да спијат додека летаат. Многу од нив прелетуваат долг пат за да најдат потопли места и повеќе храна. Тие можат да поминат неколку дена во лет без да застанат да се одморат, а некои летаат со недели. На пример, прекрасните птици фрегати можат да поминат до два месеца во воздух - изјавил музеологот Алекс Бонд.

Дали птиците спијат додека летаат?


Тој објаснил дека птиците буквално спијат со едно отворено око.

- Тие можат да заспијат со половина од нивниот мозок, додека другата половина ја држат будна и свесна за тоа што се случува околу. Ова им овозможува да спијат додека летаат, но и да спијат додека се на гранка или лебдат над вода. Тие не се единствените животни што можат да го направат тоа - и делфините и фоките можат да бидат полузаспани додека пливаат - објаснил тој.

Ова е особено важно за време на долги миграции кога нема време за застанување и одмор.

Извор: net.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука