X
 23.04.2022 Живот

Техниката за спиење што ја користеле Дали и Едисон ја зголемува креативноста

Спиењето може да биде клуч за креативноста, покажува ново истражување. Според истражувањето, навиката за кратко спиење во текот на денот што ја имале Томас Едисон и Салвадор Дали може да им помогне на многумина да бидат покреативни.

Трудот бил напишан од истражувачи од институт за работа на мозокот во Париз. Во истражувањето биле вклучени 103 учесници од кои било побарано да спијат доволно за да ја стигнат фазата Н1 од спиењето, во која луѓето може да сонуваат малку, но не се во длабок сон и може да слушаат звуци.

Дали и Едисон спиеле додека држеле предмет во рацете. Кога почнувале подлабоко да заспиваат, нивните мускули се релаксирале и предметот паѓал долу и ги будел. Тогаш се враќале на работа, а сметале дека кратката дремка им ја подобрува креативноста.


Фото: Freepik

Во новото истражување испитаниците го правеле истото држејќи чаша. По будењето решавале математички проблем кој барал креативно размислување за брзо решавање.

30 отсто од луѓето што останале будни цело време стигнале до решението, додека 83 отсто од луѓето што дремнале според методот на Дали и Едисон стигнале до решението во краткиот период што им бил даден. Според истражувачите, испитаниците не биле добри во наоѓање решение по длабок сон.

Извор: Mental Floss
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот