Според извршниот директор на „Џетпек авиејшн“, Дејвид Мејман, иднината би можела да ни донесе сосема нова и доста интересна категорија на летачки спортови. Покрај акробациите на пилотите на авиони во Светскиот шампионат во воздухопловни трки, наскоро би можеле да уживаме и во натпреварување меѓу пилотите со џетпек (млазен ранец).
Иако има уште многу пречки пред Мејман и неговата компанија, која развива џетпек, нивниот план е да започнат ваков натпревар до септември годинава. Но дотогаш треба да се направат уште шест нови џетпека и да се обучат 30 пилоти, од кои 10 ви биле избрани за самиот натпревар. Колку се блиску или далеку во исполнувањето на нивната амбиција, не се знае.
Имено, од компанијата немаат објавено колку џетпека имаат произведено досега, ниту колку време и пари им се потребни за да произведат еден модел. Она што е познато е дека тие добиле три нарачки за своите производи - една од приватен корисник, а две се воени нарачки.
За тестирање на овој начин на летање, потребна е дводневна обука, но и 5.000 долари.
Самиот натпревар би се одвивал над вода и учесниците треба да ги заобиколат хоризонталните и вертикалните пречки, да поминуваат низ обрачи и слично. Очигледно тие не би ја користеле истата патека во исто време за да избегнат потенцијални судири, но би можеле да се натпреваруваат паралелно, односно во исто време да се тркаат на патеки каде што пречките ќе бидат поставени еднакво, слично на скијањето.
Извор:
Zimo.dnevnik.hr |
Futurism.com
Фото: JetPack Aviation