„Гугл“ објави дека ќе ги избрише фотографиите на корисниците складирани на „Гугл фотос“ доколку тие не се најават на нивниот профил во период од две години.
- Ќе треба да се најавувате на „Гугл фотос“ на секои две години за да се смета дека вашиот профил е активен. На тој начин вашите фотографии и други содржини нема да бидат избришани. Слично на тоа, ќе испратиме повеќе известувања пред да преземеме ваква акција - напиша во изјава Рут Кричели, заменик-претседателката за управување со производи на „Гугл“.
Ажурираната политика за неактивни сметки наведува дека од корисникот ќе се бара да се најавува најмалку еднаш на две години за да го задржи пристапот на „Гугл фотос“, „Џимејл“, „Докс“, „Драјв“, „Мит“, „Календар“ и „Јутјуб“.
Ова првично е наменето за сите гугл-профили што биле создадени, а не биле користени, а компанијата ќе им испрати известување на корисниците пред да го избрише профилот.
Компанијата вели дека планот за бришење на неактивните сметки на „Гугл“ се однесува само на личните сметки и нема да влијае врз организации како училишта и бизниси кои користат „Џимејл“ или други услуги на „Гугл“.
Извор:
Petapixel.com
Фото: Freepik