Пред неколку години албум со стари фотографии стигнал до Лијам Енеа. Фотоалбумот ѝ припаѓал на неговата баба. Кога го отворил да ги види сликите, Лијам се изненадил затоа што открил еден куп досега невидени фотографии од терористичкиот напад на 11 септември 2001 година врз Светскиот трговски центар.
- Oвие фотографии се направени од мојата покојна пратетка Меријан, за која утврдив дека живеела во стан на улицата Гринич 310 во Њујорк. Фотографиите на крајот ѝ биле дадени на нејзината сестра, мојата баба, која почина, а ми ги даде пред околу четири години. Фотографиите никогаш не биле скенирани, ниту објавени - вели Лијам.
Лијам се сетил на нив на почетокот од оваа година.
- Отсекогаш ме фасцинира историското значење на фоторепортерството, особено во врска со
11 септември. Кога во февруари се сетив дека кај мене имам невидени фотографии, ги скенирав и ги објавив на „Фликр“. Мислам дека фотографиите се интересни затоа што се направени од гледна точка на некој што живеел во близина. Повеќето фотографии од 11 септември се направени од далечина, од земјата или од небото - вели тој.
На 11 септември 2001 година терористи го киднапираа авионите на „Американ ерлајнс“ и на „Јунајтед ерлајнс“ и ги срушија во Северната и Јужната кула на комплексот на Светскиот трговски центар во Њујорк. Ударите и пожарите доведоа до откажување на челичната конструкција на облакодерите: Јужната кула се сруши во 9:59 часот, откако гореше 56 минути, а Северната кула се сруши во 10:28 часот, откако гореше 102 минути.
При нападите беа убиени над 2.606 лица во и околу Светскиот трговски центар.
Откако беше нападната првата кула, Меријан застанала на нејзиниот балкон и го документирала настанот со камера за еднократна употреба. Албумот содржи фотографии од Северната кула на Светскиот трговски центар неколку секунди по ударот.
Извор:
Petapixel.com
Фото:
Flickr/Liam Enea