X
 24.09.2020 Живот

Кучињата се новото оружје против Ковид-19

Никој нема да се чувствува безбедно додека патува во текот на оваа пандемија - особено затоа што во авионите и бродовите е речиси невозможно да се одржува физичка дистанца. Но, бидејќи не можеме да ги редизајнираме патувањата, многу аеродроми се одлучија за поинаква задача: ограничуваат на кого му е дозволено да патува.

На аеродромите „ЛАКС“ се мери температурата за да се откријат болните патници. Но сега, на аеродромот во Хелсинки се работи уште подобро: аеродромот ангажира кучиња обучени да го намирисаат Ковид-19 и да ги проверуваат патниците.

Кучињата веќе ја докажаа нивната способност да мирисаат болести како рак и маларија. И покрај тоа што не знаеме како ги откриваат специфичните болести, трагите најверојатно се поврзани со способноста на кучето да мириса испарливи органски соединенија - метаболичко ѓубре што го произведува нашето тело цело време, што може да варира со болестите.

Со 220 милиони рецептори за мирис, наспроти 5 милиони рецептори што луѓето ги имаат, кучињата имаат сетило за мирис што е 10.000 пати поточно од нашето. Можат да душкаат супстанции разредени до точка од само еден дел на билион или еквивалентно на мирисање една капка течност во комбиниран волумен од 20 олимписки базени.

kovid
Фото: Freepik

Истражувачите од Ветеринарниот факултет на Универзитетот во Хелсинки обучувале кучиња за да можат да го детектираат Ковид-19 од почетокот на 2020 година. Во мај истражувачката група објавила дека успешно обучила кучиња за откривање на Ковид-19 во примероците на урина. Но, напредокот се случил брзо. Сега кучињата се обучени да откријат Ковид-19 од потта на нашата кожа и го почнаа пробното тестирање на аеродромот во Хелсинки.

На овие кучиња им се потребни само 10 молекули за откривање на Ковид-19, додека за тековната опрема за тестирање потребни се 18.000.000. И не постои споредба со брзината. „Абот Лабс“ има 15-минутен тест што чини 5 долари. Кучињата можат да го детектираат Ковид-19 веднаш, без непријатното земање брис од нос.

Процесот на скрининг нема да биде толку едноставен како дозволување на патниците да поминат додека кучето ги душка. Наместо тоа, патниците ќе треба да ја тријат кожата со марамче, а потоа да го стават во чаша. Кучето ќе треба да ја издушка чашата во изолиран штанд. Ова овозможува анонимна обработка што ја штити приватноста на една личност. Патникот за кој постои сомневање дека има Ковид-19 ќе биде насочен кон одделот за здравствени информации на аеродромот.

Програмата наскоро ќе вработи 4 кучиња, но може да се прошири на 22 колку што се обучени за задачата. Иако е нејасно дали идејата ќе биде само на еден аеродром - старските домови ќе бидат уште еден одличен случај за употреба на вакви кучиња.



Извор: Fast Company
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот