X
 05.06.2019 Наука

Љубовта кон кучињата зависи од нашите гени?

Љубовта кон кучињата не е наш избор, таа се наоѓа во нашата ДНК, покажува најновото истражување спроведено од научниците од Шведска и Англија. Тие велат дека е генски предодредено дали ќе имаме куче или не. И таа љубов кон кучињата се наследува.

Од истражувањето, во кое учествувале 35.000 близнаци, не може да се знае кои гени се вклучени, но се покажало дека еднојајчените близнаци почесто одлучуваат да земат куче отколку двојајчените.

Идентичните близнаци делат цел ген, а неидентичните само половина генски варијации. Согласувањето на близнаците во истражувањето се користело како мерило дали станува збор за генска склоност. Нивните одговори го поддржуваат гледиштето дека гените навистина играат улога во одлучувањето дали да се земе куче или не.

Претходните истражувања покажаа дека ако сме имале куче во детството, веројатно како возрасни ќе сакаме животни и ќе имаме домашно милениче. Професорот Тове Фал од Универзитетот „Упсала“ во Шведска вели дека е изненаден што гените имаат значително влијание врз одлуката за чување куче. Истражувањето е важно за разбирањето на односот човек-куче во текот на историјата и денес.

Иако кучињата и други миленичиња често се членови на семејството, малку е познато како тие влијаат врз нашиот секојдневен живот и здравјето. Односот човек-куче е најдолгиот од сите домашни животни. Потеклото и историјата на најомилениот домашен миленик и понатаму се енигма и предмет на многу дискусии.

Со децении археолошките истражувања не успеале да го решат основното прашање за тоа каде, кога и зошто волците формирале партнерство со човекот што на крајот резултирало со домашен миленик. Овој посебен, цврст и сложен однос се развил во повеќето светски култури. Кучињата долго време им помагале на луѓето во лов, одгледување на добитокот, заштита и учествувале во многу општествени активности.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука