Понекогаш треба да се внимава бидејќи одредени болести може да се пренесат преку измет. Ова се седум болести што може да се пренесат од изметот на кучињата на луѓето.
1. Ехинококоза
Ова е паразитска болест предизвикана од јадење или пиење вода која била во контакт со измет од куче или со директно внесување в уста и голтање при престој на нечиста површина. Симптомите на болеста ретко се видливи иако може да се јават дијареја и воспаление на цревата.
Кај луѓето паразитот напаѓа голем број органи, најчесто црниот дроб и белите дробови, во облик на формирање бавнорастечки цисти кои со текот на годините можат да растат незабележано, сè додека поради големата маса на растечките цисти не ги предизвикаат првите сериозни симптоми на болеста.
2. Кучешка тенија
Кучешката тенија е паразит со кој може да се заразат кучињата, мачките и луѓето преку голтање заразени болви. Паразитот е чест, но ретко предизвикува клинички симптоми на болеста. Инвазијата понекогаш може да се препознае врз основа на сегменти на тенијата кои ползат околу анусот или во свежиот измет.
Кај тешките инвазии може да дојде до слабеење и блага дијареја. Децата се заразуваат почесто од возрасните, а најдобар начин за превенција е сузбивање на болвите.
3. Цевчести црви
Разните видови цревни црви се мали црви кои се шират кај луѓето и кучињата при контакт со контаминирана земја или песок. Сериозните инвазии можат да доведат до смрт на кучињата, а најчесто се уочува крвав измет и дијареја.
Луѓето и децата можат да се заразат преку земја на која имало измет од болни животни, одејќи боси или играјќи си во песокот. Ларвите од паразитот се вовлекуваат под кожата, каде што со своето движење предизвикуваат црвенило и чешање.
4. Toxocara spp.
Кучешките глисти Toxocara ја предизвикуваат болеста токсокароза. Кучињата и луѓето, особено децата, се заразуваат при случајно голтање јајца (со играње и престој на место на кое имало измет од куче). Заразените кучиња често послабо напредуваат, а децата, кои се најчесто зафатени, заболуваат од два облика на болеста. Едниот е познат како окуларна ларва мигранс, при што ларвите на паразитот се сместуваат во внатрешноста на окото, предизвикуваат воспаление и во краен случај слепило. Другиот облик на болеста е таканаречената висцеларна ларва мигранс, при што ларвите на паразитот ги напаѓаат белите дробови, црниот дроб или нервниот систем.
5. Криптоспоридиоза
Ова е паразитска болест која се шири преку храна и вода контаминирани со измет од заразено куче или човек. Ретко може да се видат симптоми, но може да предизвика тешка дијареја со грчеви, болки во стомакот и општа слабост, особено кај децата и луѓето со ослабен имунитет.
6. Гијардијаза
Giardia е паразит кој предизвикува дијареја кај луѓето и животните. Се пренесува меѓу луѓето и животните преку храната, водата, предметите или земјата и песокот во кои имало измет. Симптомите вклучуваат дијареја, дехидратација, грчеви во стомакот или повраќање.
7. Салмонелоза
Салмонелата, освен на контаминирана храна, може да се шири кај луѓето и преку изметот од некои животни, вклучително и кучињата. Заразата на кучето со салмонела може да настапи преку комерцијалните храни за кучиња или сировите подготовки. Симптомите кај кучињата најчесто не се сериозни или воопшто не постојат, но кај луѓето заразени преку изметот на кучињата симптомите може да бидат многу сериозни. Особено се во опасност децата, постарите лица и луѓето со ослабен имунитет.
Автор: Иван Вицковиќ
Извор и насловна фотографија:
ordinacija.vecernji.hr