X
 24.10.2018 Образование

ДУТ работи без Сенат! Државните ревизори утврдија многу нерегуларности

Државниот универзитет во Тетово работи без универзитетски Сенат и универзитетски Совет бидејќи нема доволно кадар, покажа ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија.
Ревизорите утврдиле дека поради недоволниот број на редовно вработен научно-наставен кадар, универзитетскиот Сенат нема доволен број на членови, а универзитетски Совет не е основан, што е дел од законската регулатива.

- Објектите што ги користи Универзитетот сè уште се во постапка на легализација. Кај дел од набавките на стоки не е почитуван Законот за јавни набавки – пишува во извештајот.

Ревизорите укажале дека Универзитетот треба итно да обезбеди наставен кадар за да се направат услови за комплетирање на составот на Сенатот и да се формира Совет, да се легализираат објектите што ги користи Универзитетот, сметководствено да се евидентираат материјалните и нематеријалните средства, приемот на издавање на материјалите, спроведување попис за средствата и слично.

- Факултетот за земјоделство и биотехнологија нема доволно научно-наставен кадар, па поради тоа, нема научно-наставен совет кој како стручен орган нема можност да именува декан. Со тоа е доведено во прашање постоењето на факултетот – пишува во извештајот.

Државниот универзитет во Тетово е основан во 1994 година, а беше легализиран во 2004 година.
Подготвил: В.И.И.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование