X
 25.08.2019 Образование

Адвокати тврдат дека вонредниот инспекциски надзор на Тетовски е неуставен, на светот допрва ќе му треба квалитетна и безбедна храна... Што истражуваме изминатата недела

Инспекторот Илиевски ќе води судска постапка пред Управниот суд бидејќи смета дека комисијата постапила незаконски

Адвокати тврдат дека вонредниот инспекциски надзор на Тетовски е неуставен, интервју со академик Ѓорѓи Филиповски, последниот жив основач на МАНУ, колку сериски убијци имало во Македонија во последните две децении. Ова се темите што Факултети.мк ги истражуваше годинава.

Вонредниот инспекциски надзор извршен од страна на Државниот просветен инспекторат на Тетовскиот универзитет во кој е утврдено дека функционерите Арбер Адеми, Агим Нухиу и Сафет Емрули законски напредувале во наставно-научни звања, спротивно на претходниот инспекциски надзор на инспекторот Ѓорѓи Илиевски, е вршен согласно новиот Закон за високо образование, што е противуставно, тврдат адвокати. Законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, велат тие.


Академик Ѓорѓи Филиповски

Академик Ѓорѓи Филиповски вели: „Во земјоделството се професиите на иднината, ќе ни треба сѐ повеќе квалитетна и безбедна храна“. Тој ги советува младите многу да работат и да не го губат времето како што сега го губат.
- Јас успевав во животот поради две работи. Прво знаев многу јазици (осум) и времето совршено го користев, а тоа ми послужи како основа за градење на мојата кариера - вели академик Филиповски.



Истражувањата на сериските убиства во Македонија од 2001 до 2010 година прераснале во книга за овие случаи, која е дел од неговите истражувања за магистерскиот труд. Не се случиле на филм, туку во вашето соседство. Не ги извршиле глумци, туку луѓе што можеби сте ги сретнале на улица. Овие појави се составен дел на секое општество, ги има и кај нас. Сепак, не треба да се крева паника – Македонија е релативно безбедна земја, а бројот на сериски убијци е исклучително мал, вели Димитар Стевчев, магистер по безбедност од Куманово. Тој овие случаи ги објаснува во книгата „Сериски убијци: Криминални случаи од Република Македонија“, која е објавена на англиски јазик (Serial Killers: Criminal Cases from Republic of Macedonia).

Кристина Матеева

Средношколката Кристина Матеева кога била мала, откако ќе се вратела од некоја прошетка со нејзините родители, ја земала својата табла со маркери и го цртала тоа што ѝ предизвикало импресии. Секој цртеж ги воодушевувал повозрасните. Ова е приказната за средношколката во скопската гимназија „Никола Карев“, која добила многубројни награди за сликање.


Државниот универзитет во Тетово

Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочна постапка ги уважила жалбите на тетовскиот универзитет и ги укинала решенијата на инспекторот Ѓорѓи Илиевски, во кои тој утврди незаконско унапредување во наставно-научни звања на тројцата функционери Арбер Адеми, Сафет Емрули и Агим Нухиу, бидејќи утврдила погрешно законско толкување на еден член, но и наложила да се направи повторен инспекциски надзор согласно новиот Закон за високо образование од 2018 година. Илиевски ќе води судска постапка пред Управниот суд бидејќи смета дека комисијата постапила незаконски.

Проф. д-р Мирослав Пендароски

Со психологот проф. Мирослав Пендароски разговаравме за соништата - што е сонот, како се создава, што ни кажува? Зошто некои луѓе почесто сонуваат лоши соништа или кошмари, а други ретко имаат вакви искуства. Пендароски вели дека да се зборува за сонот еднострано и да се дефинира праволиниски е еднакво како да одговорите на прашањето што е душата во една реченица.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование