X
 28.05.2020 Образование

Државните ревизори утврдија дека се изградени само половина од спортските сали во училиштата. Наместо за три, се граделе по 15 години

Од планираните 145 спортски сали за основните и средните училишта, изградени се нешто повеќе од половина, односно 51.72 отсто од проектите. Државниот завод за ревизија направи ревизија на проектот за изградба на спортски сали за подобрување на условите за спортување во училиштата.


Проектот е реализиран во периодот од 2009 до 2019 година. Рокот за реализација е пролонгиран од предвидените 3 на 15 години. Договорот за изведени работи е реализиран 60 отсто, првиот заем е 91 процент, а вториот – 56 отсто.

Еден од заклучоците е дека не функционира координитавиното тело за реализација на проектот и Министерството за образование и наука нема увид во наменското користење на градбите.

И покрај 76 сали, заради енормно пролонгираниот рок за реализација на проекетот, очекуваните ефекти во изминатиот период не можат да бидат потврдени, стои во извештајот.

Причината за ваквата состојба е: недоволно подготвениот економски оператор како изведувач, непреземени мерки од МОН по укажаниот надзор, нецелосна поддршка од Министерството за финансии во реализацијата на проектот и друго.

ТУКА, може да се прочита целосниот извештај

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование