X
 24.11.2016 Наука

Научниците ги откриваат основите на доброто воспитување

Научниците од Харвард даваат совети за тоа како да го воспитате вашето дете за тоа да биде добра, одговорна и чувствителна личност.

Најважната задача на секој родител е добро да го воспита своето дете. Ова не е ни малку лесна задача, па не е ни чудно што со тоа се занимаваат научниците од Харвард. Тие даваат неколку совети како да го воспитате вашето дете и од него да направите добра, одговорна но и чувствителна личност.

1. Детето треба да ги контролира своите чувства


Лутењето, тагата, разочарувањето и сите тие негативни емоции можат да остават трага и на возрасните, а посебно и на децата. Вашето дете можете да го научите како да се соочи со негативните емоции и да не троши премногу енергија на нив. Вежбајте со него да вдишува длабоко низ носот и да издишува низ уста и да изброи до пет. Кога ќе забележите дека е вознемирено, потсетете го на дишењето и изведете го заедно со него.

2. Научете го да презема одговорност за сопствените постапки

Покрај тоа што децата ги учите преку лични примери, потребно е да разговарате со нив за тоа колку е важно меѓусебно да си помагате, и да има обзир кон другите луѓе. Објаснете му што значи да преземе одговорност за сопствените постапки. И секогаш и самите однесувајте се во согласност со вашите зборови. Ако му ветите нешто на вашето дете, исполнете го. Не зборувајте како треба да се чува природната средина ако вие самите го фрлате ѓубрето на улица.

3. Развијте му го чувството на eмпатија


Важно е вашето дете да не сочувствува само со членовите на неговото семејство и блиските луѓе, туку и со секој кому му е потребна помош. Дајте му пример како тоа би се чувствувало ако е нов ученик во одделението, ако не се дружи со никој, ако и на роденден не игра со никој. Исто така, ќе му помогне и разговорот за децата кои немаат свој дом - сето ова ќе го развие чувството за општествена одговорност.

4. Детето треба да знае да биде благодарно


Не смеете да дозволите вашето дете да нема развиено чувство на благодарност. Започнете со ситници: да ја прегрне баба си затоа што му направила колач, секогаш да вели фала кога ќе добие нешто. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои ја искажуваат својата благодарност се посреќни и поздрави од оние кои тоа не го прават.

5. Поминувајте повеќе време со вашето семејство


Комуникацијата со детето треба да биде многу повеќе од разговор за дисциплината. Треба да градите однос полн со доверба. Играјте, поминувајте повеќе време заедно и патувајте и кажувајте му колку го сакате. Така и детето ќе стане искрена личност која ќе ги споделува чувствата со другите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука