Вселената е локација на интриги и љубопитност уште откако постои човештвото. Мистериите на Сончевиот Систем не се целосно сфатени, а многу предизвици допрва треба да бидат освоени.
Откако луѓето стапнаа на Месечината, следната цел е Марс.
Ова е она што треба да го знаете за далечината на Марс и зошто сè уште не сме стигнале до него:
Колку време е потребно за да се стигне до Марс?
И покрај континуираните напори на НАСА, испраќањето луѓе на Црвената Планета се чини како далечна цел - сè до неодамна.
Според вселенската агенција, сега можеме да очекуваме луѓето да слетаат на Марс во наредните две децении. Стигнувањето до планетата ќе биде подвиг бидејќи Марс е оддалечен 400 милиони километри од Земјата, во зависност од планетарната ротација околу Сонцето.
Во просек, растојанието помеѓу Марс и Земјата е околу 54,6 милион километри, според НАСА.
Ако сакаме да стигнеме до Марс врз основа на сегашната брзина на вселенските бродови, ќе бидат потребни околу девет месеци, се вели на веб-страницата на Центарот за вселенски летови на НАСА, „Годард“.
Фото: NASA
Според Крет Патен, професор по физика од Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего, патувањето би можело да се скрати со согорување повеќе гориво, но тоа не би било препорачливо.
Во моментов вселенската агенција следи план од пет чекори за астронаутите да стигнат до Црвената Планета, но веројатниот исход би бил тригодишно патување кон и назад од планетата.
Со кои други предизвици ќе се соочат астронаутите што ќе слетаат на Марс?
Здравјето на астронаутите што ќе одат на Марс е голем предизвик за научниците и истражувачите од неколку причини.
Според Дорит Доновиел, директор на Институтот за истражување на вселенското здравје, првата причина е поради должината на патувањето.
Бидејќи астронаутите ќе патуваат три години, тоа значи дека сите здравствени проблеми што ќе се појават ќе мора да бидат решени далеку од Земјата, правејќи ја дури и најмалата болест причина за загриженост.
- На пример, едноставен камен во бубрегот во вселената може да биде многу опасен. Покрај редовните грижи што може да се појават во текот на мисијата, астронаутите ќе се соочат со исклучително непријателско вселенско опкружување. Тоа значи дека ќе се соочат со ситуации кога ќе треба сами да си обезбедат здравствена заштита - вели Доновиел.
Исто така, истражувачите мора да ги земат предвид психолошките ефекти од патувањето затоа што астронаутите ќе бидат ограничени на мал простор подолг временски период.
Откако ќе стигнат до планетата, тие ќе продолжат да носат вселенски костими бидејќи температурите на Марс се екстремни и може да се менуваат до 170 степени на ден.
Освен тоа, воздухот на
планетата во голема мера е составен од јаглероден диоксид.