X
 09.08.2016 Живот

Најубавите жени според изборот на научниците

Сите добро знаеме дека убавината е во очите на набљудувачот и дека секој од нас има различни стандарди и критериуми за убавината и за нејзиното одредување.

 

1


Но, постои и малку наука која стои позади убавината. Според античките Грци и нивните „златни пропорции“, постојат одредени мерки кои се земаат во предвид како важен показател за совршенство.

Доктор Џулијан де Силва од Лондон ја искористи оваа теорија на старите Грци за да одреди која е најубавата жена на светот.

Една од најсовршените е легендарната американска глумица Мерилин Монро која има најскладен нос кој ѝ обезбедил рејтинг од 99.6%. Кога станува збор за идеален изглед на вилица, оваа титула ѝ припадна на Скарлет Јохансон со 99.4. Уште една глумица на листата е Натали Портман чии усни се прогласени за совршени (94.3%).

Познатата манекенка и модел Кара Делевињ е ненадминлива кога станува збор за очите (95.1%), додека титулата за најубави веѓи ја однесе поранешната девојка на Џастин Бибер, Селена Гомез.

 

2


Во текот на истражувањето за најсовршени делови од телото, доктор Џулијан извршил пребарување за дамата со најдобар севкупен резултат.

На петтото место се најде Кендал Џенер, на четврто место Емили Ратајковски. Третото место ѝ припадна на Кејт Мос. Второто место, кога станува збор за совршеност на лицето припадна на Ким Кардашијан.

 

3


Изненадувачки или не, најубавата жена според ова истражување е Амбер Херд. Полни усни, убава форма на главата и совршени јаболчници ѝ ја донесоа оваа титула. 

 

4

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот