X
 24.11.2018 Економија

Кој регион има најголемо учество во бруто-домашниот производ на Република Македонија?

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголемо учество во бруто-домашниот производ на Република Македонија, во 2016 година, има Скопскиот регион со 43.1 отсто, а најмало учество има Североисточниот регион со 5.0 отсто.

Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот, имаат Скопскиот регион со индекс 143.4, Југоисточниот регион со индекс 119.1 и Вардарскиот регион со индекс 105.3. Останатите региони имаат бруто-домашен производ под просекот.

Највисок бруто-домашен производ (во милиони денари) има Скопскиот регион (256.308), по него следи Пелагонискиот (65.057) па Југоисточнио (59.332). Најнизок бруто-домашен производ (во милион денари) има Североисточниот регион (29.655).

Највисок бруто-домашниот производ по жител (МК=100) има Скопскиот регион (143.4), па Југоисточниот (119.1). Веднаш после Југоисточниот е Вардарскиот (105.3). Најнизок бруто-домашен производ по жител има Полошкиот (46.2).

Целосниот извештај можете да го погледнете ТУКА.

1
Фото: Printscreen

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија