X
 24.11.2021 Живот

Која земја од регионот добива најмногу пари од дијаспората

Хрватска е на самиот врв на Европската Унија по трансфер на пари што доаѓаат од нејзините граѓани од странство, а најмногу се работи за девизни дознаки и подароци од иселениците за нивните семејства.

Според процените на Светската банка (СБ), девизните дознаки од иселениците и работниците во странство оваа година ќе забележат силен раст од 7,3 отсто и ќе достигнат 589 милијарди долари, по падот од 1,7 отсто во 2020 година, кога пандемијата ја турна светската економија во криза.

Клучен фактор за силниот раст на дознаките за оваа година е силната одлука на иселениците да им помогнат на своите семејства во овие тешки времиња, забележува Светска банка, а дополнителна поддршка е обезбедена од економското закрепнување на САД благодарение на буџетската поддршка за компаниите и вработувањето.

Според последните податоци на „Евростат“, во Хрватска од лични трансфери на иселеници пристигнале 1,86 милијарда евра. Девизните дознаки останаа стабилни минатата година, а дополнително пораснаа во првата половина од оваа година, покажуваат податоците на Си-ен-би.

pari
Фото: 6yka

Во споредба со другите земји во транзиција, Хрватска е на самиот врв според учеството на дознаките во БДП и нивното значење за платниот биланс, заедно со неколку земји од поранешна Југославија.

Романија добива најмногу пари од иселениците - 3,4 милијарди евра, но кога се гледа по глава на жител, Косово е на прво место со 480,6 евра. Следува Србија со 451,8 евро по глава на жител, а трета е Хрватска со 457,2 евра по жител.

Романија добива најмногу пари од иселениците - 3,4 милијарди евра, но кога се гледа по глава на жител, Косово е на прво место со 480,6 евра. Следува Србија со 451,8 евро по глава на жител, а трета е Хрватска со 457,2 евра по жител.

Во групата земји со високо ниво на дознаки се и Босна и Херцеговина и Црна Гора, додека Македонија се најде на 12. место со 135,7 евра по глава на жител.

Иселениците од другите земји во транзиција испраќаат значително помалку пари во нивните матични земји. На пример, во Унгарија дознаките од странство изнесуваат 46,2 евра по глава на жител, што е десетпати помалку отколку во Хрватска. Во Словенија девизните дознаки се уште „послаби“ и изнесуваат само 31,8 евро по жител.

Кога на личните трансфери ќе се додадат приходите на работниците од странство (приходите на морепловците на странски бродови и работниците на нафтените платформи, луѓето што живеат во граничната област и работат во соседната земја и другите привремени работници во странство), вкупните трансфери од странство во Хрватска се искачија на 3,17 милијарди евра или 5,7 отсто од БДП.

Ова е речиси три пати повеќе од вредноста на странските инвестиции во Хрватска, кои лани изнесуваа околу 1,15 милијарда евра.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот