Црногорецот Бранислав Радуловиќ станал бруцош на 88 години. Тој одлучил да се запише на студии на машински факултет, каде што бил добродојден од колегите и професорите.
- Сакам да докажам дека ние старите не сме за фрлање и дека имаме потенцијал кој може да се искористи - изјавил тој.
Радуловиќ додал дека за подвигот го мотивирала неговата внука, која неодамна докторирала во Белград. Меѓутоа, другите членови од неговото семејство не се воодушевени.
- Годините си го прават своето, јас сум далеку, 15 километри од Подгорица. Возам секој ден во двата правци и доколку нешто се случи, секогаш дедо ќе биде виновен - изјавил тој.
Радуловиќ има завршено средно образование по геодезија, а сега, колегите му помагаат да го совлада материјалот бидејќи му е необично да се навикне на технологијата.
Извор:
Studomat
Насловна фотографија: RTCG (printscreen)