Педесет и шестгодишниот Лијанг Ши 27 пати паднал на приемен испит на факултет. Лијанг бил поранешен работник во фабрика, а денес е милионер. Својот бизнис го изградил во трговијата со градежни материјали, но отсекогаш сакал да учи.
На последниот приемен испит успеал да собере 424 поени од максимални 750, што е за 34 поени помалку од минималниот број поени потребни за да положи.
Во текот на 2023 година околу 30 милиони студенти се пријавиле за приемните испити во Кина, но токму Лијанг им го привлекол вниманието на медиумите.
Од 1983 година тој се обидел да го положи приемниот испит, но без поените за упис на факултет.
- Си велев дека треба да верувам во себе, но по последниот пораз навистина сум разочаран. Жал ми е што не успеав затоа што сакав да станам интелектуалец - вели тој.
На испитот познат како Гаокао, кој е многу тежок, матурантите полагаат тестови по кинески, математика, англиски и наука или друг предмет.
Процесот на приемен испит на универзитетите во Кина е толку сериозен, што полицијата често се распоредува за да го одржува редот на патиштата и училиштата во деновите на испитот.
Извор:
6yka.com
Фото: Instagram