X
 30.12.2018 Живот

Црна Гора е на чекор од признавање на истополовите бракови

Секојдневието на ЛГБТ паровите во Црна Гора би можело наскоро да стане слично на секојдневието на хетеросексуалните партнери - макар на хартија. Сепак, ќе има големи ограничувања - не се предвидува можност за старателство или посвојување деца.

За да може таквото секојдевие да стане реалност, ќе се почека на изгласувањето на предлог-законот за легализација на истополовите бранови, кој неодамна беше усвоен од страна на црногорската влада.

Нацрт-законот за животно партнерство на истополови парови ќе почне да се применува една година откако и ако се усвои во собранието. Сѐ уште не е познато кога овој законски предлог ќе стаса пред пратениците.

Што ќе добие ЛГБТ заедницата?

Од ресорното министерство велат дека ЛГБТ населението ќе добие исти права како оние кои ги имаат хетеросексуалните парови.

Додаваат и дека истополовите партнери ќе можат да остваруваат права од здравствената и социјалната заштита.

-Овој закон пред сѐ се однесува на заедничкиот живот на лицата од ист пол и на сите оние права и обврски кои произлегуваат од тоа - истакнува Бланка Радошевиќ-Маровиќ од Министерството за човекови и права на малцинствата.

Таа додава дека најголем дел од правата и обврските од законот се дел од секојдневниот живот.

Сепак, со предлогот на црногорската влада е поставена и црвена линија. Имено, во него не се споменува можност истополовите парови да бидат родители, да станат старатели или да посвојат деца.

Фото: BBC

Што вели ЛГБТ заедницата?

Кристина Ќетковиќ, авторка на првиот лезбејски роман во Црна Гора, вели дека предлог-законот е голем чекор.

-Лично, драго ми е што ќе можеме да оствариме некои од законските права кои одамна им се достапни на стрејт лицата - вели таа.

Таа се надева дека нема да се остане само на формално прифаќање и препознавање на партнерствата, туку дека во иднина ќе има и суштински примени, пред сѐ во менталитетот и толеранцијата кон различностите.

-Сѐ додека не можам како и тие да се остварам во родителската улога, ќе сметам дека во Црна Гора сум дискриминирана поради својата сексуална ориентација - истакнува таа.

За усвојување на законот се залагаат ЛГБТ активистите и главно претставници на секторот на НВО.

Кој е против?

На јавната расправа се појавија претставници на црквата, како и политичари чиј најголем страв е истополовите заедници да можат да посвојуваат деца.

Митрополитот црногорско-приморски Амфилохије во писмо до највисоките црногорски функционери истакна дека е загрижен за иднината на Црна Гора, особено за децата кои ќе живеат таму. Тој оцени дека предлог-законот е голем чекор во правец на разурнување на фамилијата, кој нема да биде добар за никого, па ни за оние за кои се носи.

Марко Милачиќ, лидер на опозициската партија Вистинска Црна Гора, истакна дека ова е напад на духот на граѓаните на Црна Гора и повика на одржување референдум за ова прашање.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот