Ирската нискотарифна авиокомпанија „Рајaнер“ отпушти шестмина работници кои минатиот месец беа фотографирани како спијат на под на еден шпански аеродром.
Фотографијата со неверојатна брзина се прошири на интернет и предизвика многубројни реакции. Беше објавено дека фотографијата е направена во една канцеларија на аеродромот во Малага.
Од „Рајaнер“ тврдат дека станува збор за монтажа, а од синдикатот кој го застапува екипажот велат дека работниците ноќта ја минале во аеродромот, без храна и пијалак, и дека немале соодветно сместување.
- Екипажот минал кратко време во собата за екипаж, по што бил префрлен во ВИП-одделение и следниот ден бил во Порто - истакнаа од компанијата, додавајќи дека фотографијата ја нарушила репутацијата на компанијата.
Од „Рајaнер“ соопштија дека работниците се отпуштени поради грубо кршење на правилата.
Португалскиот синдикат подоцна потврди дека во одреден момент вработените биле префрлени во ВИП-одделение. Повеќе од 20 члена на екипажот останале во Малага, по што нивниот лет за Порто е преместен за друг
датум.