X
 24.11.2023 Живот

Ова е најрелаксирачката туристичка атракција во светот

Одморот треба да направи да се чувствувате опуштено и обновeно. Затоа е време да се упатите директно кон Исланд, домот на најрелаксирачката туристичка атракција во светот.

Веб-страницата „Спа-сикерс“ посветена на помагање на луѓето да ги најдат најдобрите спа-искуства спроведе ново истражување за да ја пронајде најспокојната дестинација во секоја земја. Веб-страницата го направи своето рангирање броејќи колку пати зборот „релаксирачко“ се користел во рецензиите за патувања на интернет. Резултатот со најмногу споменувања на овој збор беше прогласен за топ-локација за секоја земја.

Анализата намерно ги исклучи наменските велнес-објекти, вклучително хотели и бањи, за работите да бидат фер. Потоа беа рангирани првите места во секоја земја, и глобално и регионално, за да се утврди кое место е навистина најрелаксирачко во светот.

Резултатите покажаа дека победник е Сината лагуна во Исланд.

1
Сината лагуна во Исланд/Фото: Wikipedia

- Исландската Сина лагуна е светски позната геотермална бања која се наоѓа на нешто помалку од еден час од главниот град Рејкјавик - пишува веб-страницата, истакнувајќи дека лагуната има 40 споменувања на зборот „релаксирање“ во интернет-рецензиите.

- Лагуната нуди геотермални води заедно со прекрасни природни пејзажи и луксузни спа-објекти, вклучувајќи сауни, парни бањи и низа спа-третмани кои ја користат белата кал на Сината лагуна. Геотермалната морска вода од базените долго време е предмет на научни истражувања, а алгите и белата кал богата со силициум диоксид докажано помагаат во функцијата на кожата, го стимулираат колагенот, обновувањето на кожата и длабинското чистење - пишува веб-страницата.

Англиската бања „Терма бат“ и термалните базени „Ханмер спрингс“ во Нов Зеланд се најдоа помеѓу првите 10 најрелаксирачки дестинации. Високо рангирани беа и надворешните зелени површини со француските градини во Луксембург, Градините покрај заливот во Сингапур и Кралската ботаничка градина Викторија во Австралија, на првите 25. места.

Што се однесува до најрелаксирачкиот континент, првото место го зазеде Европа, кој е дом на 6 од топ-10 дестинации. По Европа се најде Северна Америка со 8 места во топ-25.

Извор: Travel and leasure
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот