X
 19.07.2016 Живот

Затворена најстрашната туристичка атракција во светот

Најстрашната туристичка атракција во светот е затворена поради застрашувачките фотографии на кои туристи на сплав ги хранат крокодилите со месо.

 

1


Туристите се наоѓаат на импровизиран кафез кој е сместен на пластични буриња додека околу нив се наоѓаат неколку крокодили. Фотографиите се направени од шокираниот такси возач Џон Нок, во Кралството на слонови во Чонбури, Тајланд. Тие започнаа да кружат низ интернетот откако Џон ги објавил на Твитер, со што предизвика полицијата и владата да го посетат местото.

„Таксист сум повеќе од 20 години и никогаш не сум видел ништо слично. Изгледаше толку опасно што морав да фотографирам. Туристите беа Кинези. Некои од нив беа исплашени, додека други уживаа. Луѓето кои ја видоја фотографијата, беа шокирани“, вели тој.

Корисниците на социјалните мрежи беа вчудоневидени од активноста, велејќи дека е сурово да се влечкаат крокодилите со храната.

После објавувањето на фотографијата на социјалните медиуми, полицијата, војниците и владините претставници се упатија кон фармата за крокодили и ја затворија 90 дена.

Се верува дека активноста е доста популарна меѓу кинеските туристи неколку години меѓутоа со активноста биле запознаени мал број локални талјандски жители или власти.

Утен Јонгпрапаком, сопственик на туристичката атракција која е дел од големата фарма за крокодили, вели дека започнал да нуди пловење во кафезот после зголемената побарувачка од кинеските туристи.

„Нема повеќе од 15 луѓе во кафезот, а тие можат да издржат и повеќе. Никогаш немало проблеми и посетителите се многу среќни. Започнавме само со одгледување на крокодили, но постоеше голема побарувачка туристите да ги хранат, па започнавме и со тоа“, вели сопственикот.

Фармата има повеќе од 4.300 крокодили. Едното езерце се користи за хранење на крокодилите од два метални кафези додека другото се користи за нивно одгледување. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот