Маж од Исланд стана хит откако се обиде да испржи јајца и сланина на лавата што изби од вулканот.
На видеото се гледа како Ерикур Хиламрсон приготвува солиден појадок.
Лавата на крајот ја преврти тавата, што значи дека немало појадок за никој освен за вулканот.
Во секој случај, на видеото се гледа како состојките се пржат во тавата, што покажува колку е опасна лавата. Под видеото Ерикур напиша упатства за подготовка: едно јајце, 200 грама сланина. Ставете ја тавата на активен вулкан, ставете храна внатре, почекајте и јадете.
Тој додава предупредување: - Овој трик е изведен под стручен надзор и опрема.
Вулканот избувна минатиот викенд, а оттогаш луѓето го посетуваат местото за да уживаат во неверојатната глетка.
Атли Гунарсон, началник на полицијата, вели дека повеќето од нив се однесуваат добро, но има и луѓе што многу се доближуваат.
Фото: Screenshot/YouTube