Алкохол, мрсно, благо, салати, кифлички... само за Нова Година внесуваме многу повеќе од препорачаните калории во себе.
Се проценува дека само на Божиќ се јаде храна од 6.000 калории, што е еднакво на еден килограм повеќе за само еден ден. Најголем број од мрсните калории ги внесуваме од колачите, грицките и алкохолот. Од
Британската диететска асоцијација за „The tab“ неделава изјавија дека „најчесто внесуваме 6.000 калории на Божиќ, а доколку се сетиме дека дневниот препорачан износ на калории за мажи е 2.500, а за жени 2.000 калории, тоа значи дека во еден ден може да покачиме цел килограм. Работите кои луѓето ги сметаат за здрави, на пример оревите, всушност се и многу мрсни и богати со калории. Скриените калории се наоѓаат и во алкохолот, за кој луѓето не размислуваат, но и напитоците како што е топлото чоколадо“.
Се претпоставува дека се потребни 12 термини во теретана за да се согори изеденото за време на празниците.
Среќни празници!