Еден австралиски студент тврди дека патувањето низ времето е можно и може да го докаже тоа математички.
Патувањето низ времето е концепт кој ги фасцинира научниците долго време. Меѓутоа, доколку тоа е можно, можни се и компликации ако се направи промена. Така, научниците велат дека доколку едно лице патува назад во времето пред неговиот дедо да има деца, тој може да го спречи сопственото раѓање. Ова се нарекува „дедов парадокс“.
Меѓутоа, студентот по физика Џерман Тобар од Универзитетот на Квинсленд тврди дека открил дупка во концептот со тоа што сфатил како да направи пресметки за да се одбегнат парадокси.
- Класичната динамика вели дека доколку ја знаете состојбата на еден систем во одредено време, тоа може да ви ја каже целата историја на системот. Меѓутоа, теоријата за генерална релативност на Ајнштајн го предвидува постоењето на дупки или патување низ времето, каде што настанот може да биде истовремено во минатото и во иднината, што теоретски ја менува динамиката - објаснил тој.
Работата на Тобар се базира на детерминистичките процеси на Теоријата за релативноста. Со генералната релативност, секој настан е постојан, детерминистички, и секоја причина има последица. Во истражување, студентот презентира математички пресметки со кои тврди дека патувањето низ времето е возможно.
- Колку и да се обидувате да создадете парадокс, настаните секогаш ќе се адаптираат за да одбегнат каква било непостојаност - изјавил физичарот Фабио Коста од истиот универзитет, кој го надгледувал
истражувањето на Тобар.
Извор:
Indy100
Насловна фотографија: Pixabay