X
 24.12.2018 Живот

Брутални вистини за животот кои никој нема да ви ги каже

1. Mногу пати кога некој ќе те одбие и ќе ти каже дека те сака како пријател, не му си физички атрактивен. Нема врска со твојата личност или начинот на кој се однесуваш - оваа личност никогаш нема да те гледа на поинаков начин бидејќи не сака да те замисли гол.

2. Понекогаш ќе бидеш пријателот за кој сите зборуваат лошо зад грб затоа што понекогаш си способен да бидеш навистина досаден и напорен без да сфатиш.

3. Некои од „лошите“ фотографии на „Фејсбук“ за кои инсистираш да не се појавуваат на твојот ѕид се најдобра слика за тоа кој си ти всушност.

4. Понекогаш луѓето мислат на нивните бивши додека лежат в кревет, а во оваа група спаѓаш и ти.

5. Доколку некој бил тотален идиот во средно, а денес неговиот живот е ужасен, човечки е да си благодарен на животот што знае да ги сврти работите. Но, има и такви луѓе за кои во средно си чувствувал жал и си чувствувал дека си супериорен над нив.

6. Некои луѓе ќе мислат дека ти си личноста што заслужува сожалување.

7. Многу пати кога некој ќе почне да ти обрнува внимание или да те почитува, а претходно те третирал како идиот, не е затоа што си еволуирал во подобра личност. Се однесуваат кон тебе така затоа што или подобро изгледаш или си финансиски поуспешен.

8. Луѓето те проценуваат врз основа на облеката што ја носиш и автоматски мислат дека се подобри од тебе доколку ти не си добро облечен.

9. Вистината е (во поголемиот број случаи) дека факултетот всушност бил непотребен. Сите тие пари биле залудно потрошени. Дури и ако се вработиш, работата нема да биде поврзана со твојата диплома.

11. Луѓето и понатаму ќе те осудуваат доколку не се запишеш на факултет, дури и кога е воопшто непотребно.

12. Богатите родители што имаат добри врски ја заменуваат која било друга вештина, талент или напорна работа. Тие се триумфалната карта во животот.

13. Најмалку двајца од твоите „пријатели“ не те сакаат.

14. Поголем дел од лошите работи што луѓето ги зборуваат за другите се кажани поради љубомора, бидејќи ако некој го направиш да изгледа помалку вреден од тебе, ти ќе се почувствуваш барем малку повреден.

15. Некои од спомените на кои постојано се навраќаш се со луѓе што некогаш си ги сакал, меѓутоа, токму тие луѓе се присилуваат себеси да заборават само затоа што не можат да те поднесат тебе.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот