X
 24.12.2018 Култура

Најдобрите филмови за 2018 година

Новинарот Николас Барбер од Би-би-си ги открива најдобрите филмови во 2018 година.

„А Quiet Place“



Режиран од Џон Красински, филмот е одличен хорор што ќе ги тестира вашите нерви: вонземјаните го избришале поголемиот дел од човештвото, но бидејќи се слепи, тие го ловат својот плен слушајќи ги звуците што ќе ги направи. Тоа значи дека главните ликови мора да зборуваат знаковен јазик и да одат со боси нозе.

„Shoplifters“




Проблематично семејство кое живее во предградие на Токио, на работ на егзистенцијата. Петчленото семејство, заедно со бабата, живее во една просторија. Никој не сака да им бидат соседи. Бабата ги растура исечените нокти на сите страни и крие пари каде што ќе стигне. Таткото и синот заедно крадат од продавници. Мајката работи половина смена во некоја работилница за хемиско чистење. Притоа, секој има некоја мрачна тајна за која другите членови не знаат. Но, сѐ додека се заедно - ретко ќе видите побогато, посреќно, поубаво и поздраво семејство.

„Cold War“




Дефиниција за двајца љубовници кои не можат да живеат еден без друг, се среќаваат во Полска во 50-тите години кога Виктор бара пејачи и музичари за фолк-ансамбл спонзориран од владата. Имаат страсна афера и се забавуваат во џез-клубови, но никогаш не се целосно задоволни.

„If Beale Street Could Talk“




Приказната за млад пар разделен поради сиромаштијата, полициската бруталност и институционализираниот расизам. Филмот е нежна балада за љубовта што доаѓа од романтичните партнери, семејните членови и пријателите.

„The Favourite“



Станува збор за филм чие дејствие е сместено на почетокот на 18 век кога болната кралица Ана (Оливија Колман) се потпира на нејзината најдобра пријателка Сара (Рејчел Вајс), војвотката од Марлборо за да преговара со аристократите во земјата. Но, кога амбициозната братучетка на Сара, Авигеја (Ема Стоун), ќе се пресели во палатата, тогаш почнуваат да се случуваат голем број работи.

„Spider-Man: Into the Spider-Verse“



Ова беше сензационална година за суперхеројските филмови, но ниту еден од нив не беше толку посебен како „Spider-Man: Into the Spider-Verse“, психоделично уметничко ремек-дело што ги меша дигиталната и рачно насликаната анимација.

„The Rider“




Вториот филм на Клоу Зао како сценарист-режисер е современ вестерн за младиот родео-возач Брејди Жандро, кој бил удрен по глава од коњ. Тој знае дека ако се врати на родеото, ќе го ризикува својот живот, но не може да си замисли да прави нешто друго. Филмот е одлична драма што својата моќ ја добива од сопствените искуства на Жандро, а повеќето луѓе во филмот играат верзии од себеси.

„Leave No Trace“




Осум години по „Winter's Bone“, режисерката и косценарист Дебра Граник се враќа со триумф за уште една зрела, бескомпромисна драма, и уште еден увид во маргинализираниот живот на американските аутсајдери. Бен Фостер е оштетен воен ветеран кој живее длабоко во шума во националниот парк; Томасен Мекензи ја глуми неговата ќерка и е потсетник дека токму Граник ѝ ја даде на Џенифер Лоренс улогата што ја проби како актерка.

„First Man“




Режисерот и ѕвездата на „La La Land“, Дамиен Шазел и Рајан Гослинг, повторно се обединуваат за овој филм во кој Гослинг го глуми Нил Армстронг, првиот човек што стапна на Месечината. Филмот пренесува колку е стресно да се биде пионер во вселената во 60-тите, како и храброста потребна за човек да патува во една од најнеудобните и најопасните форми на транспорт некогаш измислени.

„Sweet Country“



Филмот
се случува во Австралија во текот на 20-тите години. Неговиот херој Сем (Хамилтон Морис) го убива силувачот на неговата сопруга во самоодбрана, а потоа оди во бегство низ пустината. Потерата што следува е извонредно уредена, со дезориентирачки ретроспективи. Секоја снимка и секој збор имаат цел - одржувајќи ги абориџинските ликови кои се склони кон молчењето додека белците проповедаат и лудуваат.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура