X
 01.11.2019 Живот

Овој хотел бил инспирација за најпознатиот хорор на светот, а можете и да преноќите во него

Филмот „Сјаење“ („The Shining“) на Стенли Кјубрик е култен хорор кој настанал според истоимениот роман на Стивен Кинг. Веруваме дека сите знаете за него, како и дека дејството се врти околу писател кој полудува при неговиот престој со фамилијата во празен хотел во планините на Колорадо.

Како инспирација за романот на Стивен Кинг му послужил хотелот „Стенли“, во кој во 1974 година отседнал со својата сопруга. Тие биле единствените гости во хотелот бидејќи следниот ден требало да се затвори за претстојната зима. Кинг раскажал дека таа вечер сонувал како неговиот тригодишен син врескајќи трча по ходниците во хотелот бидејќи го брка големо пожарникарско црево. Се разбудил препотен и сфатил дека има основа за книга, која четири години подоцна стана бестселер.

Фото: Journal.hr

Хотелот „Стенли“ е отворен во 1909 година во Колорадо, а замислен е како луксузна летна дестинација за богаташи. Сè до 80-тите години хотелот во текот на зимата се затворал, но за разлика од книгата и филмот, веројатно никогаш немал домар кој кај гостите предизвикува вознемиреност. Иако „Сјаење“ не бил снимен таму, сопствениците на хотелот одлучиле да ја искористат неговата популарност, па го преуредиле барот за повеќе да личи на оној од филмот.

Фото: Journal.hr

Фото: Journal.hr

Хотелот има 420 соби, а собата 217 во која отседнал Кинг е главна атракција. За да преноќите во неа, ќе мора да резервирате со години однапред. Иста е ситуацијата и со собите 401, 407 и 428 бидејќи, наводно, во нив има паранормални активности. Хотелот нуди различни тури на кои ќе дознаете сè за неговото минато, но и за духовите што наводно го опседнуваат.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот