X
 24.12.2023 Економија

Зошто празничниот шопинг секоја година почнува сѐ порано?

Новогодишниот шопинг годинава почна уште во октомври бидејќи потрошувачите сакаат да заштедат, велат од консултантската куќа „Мекинзи енд компани“.

Имено, 50 отсто од потрошувачите на глобално ниво почнале да се подготвуваат за празниците уште во октомври, а 40 отсто од нив во ноември. Ова значи дека дошло до промена на потрошувачките навики бидејќи порано најчесто се пазарело непосредно пред празниците.

Меѓутоа, сега купувачите пазарат кога производите се на попуст. Тие сметаат дека доколку ги купат производите за помала цена во октомври или ноември, во декември повторно ќе имаат приходи за славење на празниците. Иако ова звучи добро теоретски, во практика многумина продолжуваат да купуваат и во декември и на крајот не заштедуваат ништо.

Ваквите навики доведуваат до продолжување на сезоната на празнично купување, велат од консултантската куќа. Според нивната анализа, сезоната на купување оваа година започнала порано, а веројатно и ќе заврши подоцна отколку претходната година.

Така, претпразничното купување достигнало рекордни 76,8 милијарди долари во октомври на светско ниво, што е за 4,3 милијарди долари повеќе од претходниот октомври.

Овој потрошувачки тренд бил поттикнат и од „Тик-ток“, каде што се шири тренд наречен „женска математика“ (Girl math). Таа се заснова на женски, рационален пристап на потрошувачката, иако многумина велат дека бара и ментална гимнастика за да се оправда купувањето поради кое се чувствуваме среќни.

Извор: Kamatica
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија