X
 09.12.2022 Живот

Што кажува за вас времето кога ги поставувате новогодишните украси во домот?

Психолог вели дека времето кога одлучувате да го декорирате вашиот дом со новогодишни украси кажува многу за вашата личност.

Психологот Кармен Хара тврди дека многу кажува ако декорациите сте ги ставиле во ноември, почетокот на декември или во последен момент.

Ако вашиот дом го уредите пред ноември, можеби имате проблем да живеете во моментот, но тоа не мора да биде лоша работа.

Луѓето што ја поставуваат новогодишната елка кон крајот на ноември или почетокот на декември сакаат да ги прават работите пред или според самиот распоред.

- Декорирањето во ноември покажува дека искрено се радувате на празниците и имате доволно време да додадете или да промените украси пред празниците - вели психологот Хара.

декорација
Фото: Pixabay

- Постои чувство на оптимизам поврзано со оние што ги украсуваат домовите еден месец порано. Тие сонуваат да ги остварат своите планови, полни се со емоции и се восхитуваат на нивната работа. Оние што украсуваат на почетокот од декември по природа се пореални и сакаат да ги прават работите на правилен начин - вели таа.

Одложувањето на украсувањето една недела или еден ден пред Нова година сигнализира одложување или доцнење.

- Овој тип личност е помалку оптимист од оние што украсуваат навреме - вели Хара.

Од друга страна, луѓето што одлучиле воопшто да не украсуваат чувствуваат дека за овие празници едноставно не вреди да се трудат. Станува збор за луѓе со поизразен песимизам, оние што претпочитаат да избегнуваат празници поради некои немили настани што се случиле во минатото.

Извор: Nypost.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот