Оддалечениот остров Сомарој, на северот на Норвешка, во Арктичкиот круг, на многу начини е уникатно место во светот.
Во текот на летото островото Сомарој станува вистински природен феномен, бидејќи тука сонцето не заоѓа околу 69 дена, поточно од 18 мај до 26 јули.
Живеењето во постојана дневна светлина значи дека работите функционираат малку поразлично на овој „Летен остров“. Но, во зима станува збор за сосема поинакво искуство бидејќи сонцето грее само неколку кратки часа и е ниско на небото, така што „фрла“ прекрасен златен сјај на сè што ќе допре.
Освен што е сосема нормално во два часот по полноќ да се видат деца како играат на улица или пријатели како уживаат во чај или кафе, овде никој не носи часовник. Многумина дури и ги имаат закачено своите часовници на локалните мостови, како украс и потсетник дека текот на времето не им значи ништо на луѓето.
За оваа нивна навика имаат пишувано многубројни локални и светски медиуми, за потоа иницијаторите да признаат дека станува збор за само еден маркетиншки трик за привлекување туристи.
Сомарој е остров кој се наоѓа во округот Тромсо, кој многумина го нарекуваат капија на Арктикот. Од Осло со авион може да се стигне до Тромсо, а оттаму со автомобил до Сомарој.
Освен сауните и капењето во еден од многуте фрјодови, и тоа на минусни температури, нешто што е вообичаено за Норвежаните, на островот можете да пешачите по патека која нуди прекрасен панорамски поглед на околните острови и морето.
Ако го посетите во зима, езерото во Катфјордејдет е замрзнато и можете да одите на мраз, без разлика дали имате лизгалки или само чизми. Ако имате среќа и небото е ведро, ќе можете да ја фатите поларната светлина, еден од најмагичните природни феномени.
Извор:
b92.net
Фото:
Wikipedia