Приватниот резерват „Нгала“ се простира на површина од околу 145,6 квадратни километри помеѓу јужноафриканскиот природен резерват „Тимбавати“ и националниот парк Кругер.
Компанијата што организира тури за резерватот - „&Бијонд“ неодамна ја претстави можноста за изнајмување куќа среде овој резерват. Во куќарката има простор за спиење, бар и место за кафе, а гостите може да јадат на отворено.
Во куќата нема интернет за гостите да бидат поттикнати да уживаат во природата наместо да гледаат во телефонот. Обезбеден е пристап до електрична енергија преку соларни панели. Најблискиот камп се наоѓа на оддалеченост од 4,8 километри, па речиси нема вештачки светла.
Во куќата може да престојуваат само гости што веќе резервирале во некои од камповите на резерватот. Се престојува само ноќе, а дење
гостите мора да се вратат во нивниот камп или хотел. Преспивањето во куќата чини околу 560 долари.
Извор:
Мymodernmet.com
Фото: Andbeyond