Родителите честопати ги принудуваат левораките деца да користат десна рака, но експертите не се согласуваат со тоа. Вродената „определеност“ за лева или десна рака е видлива по 6 месеци живот, а најдоцна до четвртата година на детето.
Податоците од бројни истражувања докажуваат дека левораките деца често поседуваат натпросечна интелигенција. Дали сте знаеле дела со лева рака пишувале и Наполеон, Ајнштајн, Да Винчи и Пикасо?
Освен тоа, лекарите се сложни дека левораките деца кои се принудени да пишуваат со десна рака може да имаат проблеми со концентрацијата и бројни негативни ефекти по психата, но и моториката, говорот, интелектуалниот развој и карактер.
Од друга страна, тоа што детето е леворако нема ниту една лоша страна. Тие може да пишуваат читко исто како и деснораките.
Човековиот мозок е поделен на лева и десна хемисфера. Левата е доминантна и ги контролира информациите кои ги добива од десната страна од телото, а десната хемисфера за левата страна од телото. Кај левораките, ова е обратно. Проблемот може да настане бидејќи леворакото дете принудено да пишува со десна рака користи дел од мозокот од левата хемисфера кој веројатно е одговорен за нешто друго.
Леворакоста може да се препознае рано - доволно е да обрнете внимание на раката со која детето посегнува по предметите.