X
 29.06.2016 Живот

Кој е најдобриот начин за воспитување на тинејџер?

Никој родител нема за цел да воспита разгален тинејџер. А сепак, ова се случува често. Токму затоа, британските истражувачи имаат интересни совети за родителите кои како казна им ги земаат мобилните телефони и таблетите на нивните деца. Немојте да го правите тоа. Мозокот на адолесцентите подобро реагира на позитивен поттик.

 

истражување


Според истражувањето, британските истражувачи откриле дека тинејџерите и возрасните учат на различни начини. Институтот за когнитивни невронски мрежи при Универзитетскиот колеџ во Лондон открива дека во некои случаи, позитивната повратна информација има поголем ефект отколку негативната повратна информација кај адолесцентите кои учат.

За да се добие подобра идеја за тоа како адолесцентите учат, кандидатите биле поделени во две групи. Во едната група имало тинејџери од 12 до 17 години, а во другата возрасни од 18 до 32 години. И на двете групи им била зададена задача да играат одреден вид на компјутерска игра.

На кандидатите им биле дадени различни парови на апстрактни симболи на екранот и тие морале да изберат со притискање на копче. Симболот кој го избирале можел да резултира со награда (освојување поен), казна (губење поен) или никаков резултат. Кандидатите се бореле да освојат што повеќе поени бидејќи имало парична награда за највисокиот резултат.

На почеток, кандидатите не знаеле кој симбол носел поени и морале да научат преку нивните обиди и грешки. Возрасните кандидати учеле и од позитивните и од негативните повратни информации, додека тинејџерите учеле само од позитивните.

Авторот на истражувањето пишува дека причината позади ова е што делот од мозокот кој ги обработува казната и последиците, не е целосно развиен во адолесценцијата.

Системот на кривична правда одамна ги третира малолетниците поинаку од возрасните поради истата причина. За време на адолесценцијата, мозокот е подложен на драматични промени во структурата и функцијата, со што влијае врз процесот на младите и реагирањето на информациите. Регионот на мозокот кој последен се развива е оној кој контролира голем дел од способностите кои ги регулирааат рационалното одлучување, долгорочното планирање, импулсивноста, увидот и пресудата.

Затоа, ако вашиот тинејџер останува цела ноќ на компјутер, можеби и не е најпаметно да му го одземете компјутерот и да го сокриете. Наместо тоа, ветете му нешто кое го сака доколку си легне порано навечер. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот