Да се биде родител е можеби најтешката задача за еден човек. Родителите непрестано прават избори, вагаат и одлучуваат. За жал, прават и грешки.
Целта не е детето да биде благодарно на родителите, туку во прашање се многу поважни работи кои не се секогаш јасно изразени, но родителите постојат за она што му е потребно на детето.
Постарите генерации неретко раскажуваат дека имале безгрижно детство надвор од домот, ја истражувале околината, се качувале и паѓале и на крај станале здрави возрасни личности. Ситуацијата денес е сосема поинаква затоа што децата живеат квалитативно поинаку.
Поминуваат помалку време надвор, помалку се во акција и движење, а почесто пред екраните во затворени простории. Сѐ може да се купи, децата нема потреба ништо сами да измислуваат.
Паѓањето е корисно
Ранко Рајковиќ, автор на NTC програма и стручњак за развој на интелектуалниот потенцијал на децата потсетува дека мудроста на родителството е да најдат граница меѓу заштитувањето и прекумерното заштитување. Дајте му на детето слобода да истражува. Претераното заштитничко однесување се одразува на развојот на детето, а најчесто се погодени моториката, креативноста, снаоѓањето и говорот. Прочитајте неколку совети:
- Пуштете го детето да трча, да се качува и скока за да добие кондиција и сте поиздржливо.
- Не грижете се ако падне. На тој начин ќе ги осознае границите на своето тело и можностите на средината во која се движи.
- Покажете му како се прави снешко во зима, скулптури или куќички од снег. Освен тоа дозволете му да легне во снегот да се валка (секако откако добро ќе го облечете). Во овој момент се вклучува ротацијата и се синхронизираат деловите од телото кои се движат. Се формираат нови нервни патишта и се остварува поголема поврзаност меѓу региите во мозокот.
Кога подобро ќе размислете и не е толку страшно. Тоа и сами сте го правеле кога сте биле деца.
Детето е рамноправен соговорник
Авторот на програмата укажува и на уште една грешка која ја прават родителите, а тоа е занемарување на улога на детето како рамноправен соговорник. Возрасните често претпоставуваат дека децата не разбираат што тие му кажуваат, па затоа не даваат подобри објаснувања и одговори. Треба да зборувате со детето како да разбира сѐ. На тој начин тоа ќе се чувствува сигурно и уважено. Еве неколку предлози:
- Кажете како Вие гледате на дадена ситуација, објаснете што се случува и решете ја збунетоста која ја има тоа за некое прашање. Ова придонесува за неговата самодоверба – дека е дел од групата која комуницира.
- Кажувајте им ги секојдневните ситуации – како дома се поправа и прави нешто за да почне да се развива процесот на учење за себе и за светот.
- Одговарајте на детските прашања. Тие мора да знаат дека нивните дилеми не се глупави ниту беззначајни.
- Разговарајте и со бебињата како да го разбираат секој збор. На тој начин му се создава првиот систем на препознавање.
Иако не Ви е секогаш до разговор, обидете се да зборувате што повеќе со нив дури и кога станува збор за измислени ликови.
Не правете нешто наместо него, само дадете помош
Ако детето не успее да се облече само, нема да му помогнете ако целата постапка ја направите Вие. Затоа треба да повлечете граница:
- Во секојдневните активности децата треба да се осамостојат, но треба да им дадете шанса да пробаат.
- Во игрите дајте им помош онолку колку пто бараат, не го наметнувајте текот на играта и бидете на исто ниво со детето.
- Во креирањето и изработувањето на некој производ детето е на прв план. Важно е да знае дека направило нешто со свој трод и со тоа и да се пофали и да биде гордо на себе.
- Кога детето бара помош немојте секогаш да ја давате, туку направете проценка дали тоа има способност за одредена работа и колкав треба да е Вашиот удел. Иако Вие сте побрзи од детето, но ако го оставите само, повеќе ќе се исплати.
Извор: NTC учење