X
 26.03.2017 Наука

Прочитајте нечија личност со помош на едно прашање

Доколку имате проблем да откриете каква личност има одреден човек, едно конкретно прашање може да ви помогне да го одгатнете вашиот соговорник.

Следниот пат кога ќе се прашувате дали лицето спроти вас е ужасна личност, само прашајте го што мисли за други луѓе.

Според студија објавена во журналот за карактерните особини и социјалната психологија, конкретното прашање може многу да ни каже за личноста на другите, бидејќи луѓето се склони да ги препознаваат личните својства во тие околу себе.

Па така, љубезна личност најверојатно ќе ги карактеризира другите како љубезни, себична личност како себични.

Еден од авторите на студијата, д-р Дастин Вуд, вели: „Голем збир од негативни личносни карактеристики се поврзани со негативното доживување на другите луѓе. Тенденцијата луѓето да ги гледаме негативно најверојатно укажува на депресија и разни нарушувања на личноста.“

Во рамки на студијата, испитаниците биле прашувани да ги опишат карактеристиките на други тројца луѓе, на позитивен и негативен начин.

Тие што дале позитивен суд, се испоставило дека се посреќни и емоционално постабилни луѓе.
Од друга страна, пак, тие што ги „процениле“ другите негативно, се покажале како нарцистични, со висок степен на анти-социјално однесување.

Студијата дообјаснува: „Нарцистичните луѓе ги перцепираат другите како неинтересни и безвредни, но тоа не значи дека го имаат истото мислење за себе. Исто така, поединците кои покажуваат типично параноидно однесување веруваат дека другите луѓе се злобни и недоверливи, иако самите никогаш не би погледнале на себе на таков начин.“
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука