Семејството Рајман, едно од најбогатите германски деловни семејства, за време на владеењето на националсоцијализмот сесрдно ги поддржувало нацистите и користело присилна работа сила, објави „Билд ам зонтаг“.
По објавувањето на овие информации, наследниците изјавиле дека се засрамени и најавиле дека ќе подарат 10 милиона евра во добротворни цели.
Имено, „Билд ам зонтаг“ објави дека документите до кои дошол откриваат дека таткото и синот - Алберт Рајман Постариот и Алберт Рајнер Помладиот користеле руски цивили и француски воени заробеници како присилни работници.
Портпаролот на семејството, Петер Харф, кој е и на чело на холдинг-компанијата Рајман ЈАБ, потврди дека наводите на „Билд“ се точни.
Тој рече дека семејството никогаш не зборувало за нацистичката ера, но оти доказите покажуваат дека таткото и синот, кои починале во 1954, односно 1984 година, заслужиле затвор.
Богатството на семејството во чија сопственост се некои од најпознатите светски брендови, како што се „Јакобс“, „Калгон“, „Велла“ и други, се проценува на 33 милијарди евра.
Извор: МИА