Македонската фудбалска репрезентација успеа да ја победи италијанската во бараж-натпреварот за пласман на Светското првенство во Катар. Ова беше шок за целиот свет, но предизвика и голем сеир на сметка на актуелниот европски шампион, Италија.
Социјалните мрежи од синоќа се преплавени со мемиња и шеги, а ние во продолжение ќе ви пренесеме неколку од нив. Уживајте!
Имаше и видеа, а можеби најсмешното беше она со голот на Александар Трајковски со музика од филмот „Титаник“.
Во продолжение можете да видите и како славеа македонските навивачи.