Пред помалку од еден месец Бијонсе и Џеј Зи, најмоќната двојка на светската музичка сцена, направија вистинско изненадување со ненајавената објава на нивниот заеднички албум „Everything is Love“. Во истата пригода го објавија и видеоспотот на синглот „Apeshit“ од истиот албум.
(
Фото: Pixabay)
За снимањето на овој спот го изнајмија најпознатиот светски музеј, што предизвика вчудовиденост на културната и уметничката сцена – но истовремено ја збогати и културната понуда во Париз: сега
„Лувр“ на туристите и на посетителите им нуди тура инспирирана од спотот!
Не само што се првите музичари што некогаш успеале да го закупат музејот за ваква намена, туку воедно се и единствените што во својот спот прикажуваат некои од највредните уметнички дела на сите времиња.
Откако спотот го сврти светот и моментално на „Јутјуб“ има повеќе од 66 милиони прегледи, управата на „Лувр“ отиде чекор понатаму, понудувајќи нешто што никогаш претходно го немала во понудата. Имено, отсега секои среда, четврток, сабота и недела посетителите ќе имаат можност да изберат тура низ „Лувр“ инспирирана од спотот на Бијонсе и Џеј Зи.