Она што ги прави семејствата блиски и расположливи за убави заеднички ручеци или, пак, празнични соединувања и собирања во кои сите ќе имаат отворена комуникација меѓу себе се токму создадените односи во раното формирање на семејството, а кои минуваат низ 6 нивоа: блискост, сличност, припадност, значење, љубов и способност да те прифаќаат. Секое ниво го прави односот помеѓу родителот и детето посилен и обратно, недостигот или неразвиеноста на кое било од нив ја ослабува врската родител-родител и родител-дете. Отсуството на овие нивоа на приврзаност, вели психологот Христина Стефановска, децата ги прави осамени и изолирани, притоа барајќи ја ненаметливо и очајно близината на своите врсници.