Доколку се исмеваме на детските емоции, голема е веројатноста да разберат дека ние ги омаловажуваме истите или, пак, доколку пробуваме да го поткупиме детето со нешто за да престане со ова однесување, го учиме како во иднина на тој начин да добива и други нешта од нас. И, секако, доколку на неговите емоции реагираме со викање или физички казнувања, можеби во иднина ќе научи дека не треба да ги споделува со нас и дека ние едноставно не сме „безбедни“ за него, вели психологот Тина Доковска.
Ако вашето дете има нервозни „испади“ во супермаркетот, во паркот или дома, ако легнува на улица и вреска бидејќи сте му ги испрале омилените чорапи, не грижете се бидејќи тоа е нормална фаза од развојот кај децата која се нарекува тантрум.
Прочитајте што советува психологот Тина Доковска на
ОВОЈ ЛИНК (Деца.мк)