Популарните принцези на „Дизни“ им носат пари на многумина, меѓутоа, едно истражување покажува дека тие не делуваат позитивно на малите девојчиња.
Имено, едногодишното истражување открива дека малите девојчиња кои повеќе се изложени на оваа култура со принцези имаат поголеми шанси да веруваат во штетни полови стереотипи. Истражувањето било објавено во „Child development“.
Сара М. Којн е истражувач која работела на истражувањето.
„Мислам дека родителите мислат дека културата на принцези на Дизни е безбедна. Тоа е зборот што го слушам повторно и повторно - безбедна е“, вели Којн.
Таа додава дека треба повторно да размислиме за долгорочното влијание на оваа култура. Којн и нејзините колеги анализирале семејства на 198 деца од предучилишна возраст. Истражувањето траело една година и на крајот било заклучено дека изложеноста на принцезите од Дизни влијае на девојчињата во поглед на половите стереотипи.
„Знаеме дека децата кои веруваат во женските полови стереотипи чувствуваат дека не можат да направат некои работи. Тие не се толку сигурни дека може да бидат добри во математиката или науката. Тие не сакаат да се валкаат, па помалку се обидуваат и експериментираат“, вели Којн.
Којн не препорачува целосно
забранување на цртаните филмови на Дизни, туку им порачува на родителите да бидат умерени во се'. Децата треба да имаат секакви активности, а принцезите треба да бидат само една од многубројните работи кои ги прават децата.